Соопштение 04.03.2008

КХВ додели награда за второпласираниот на Студентска берза за учебната 2006/07 година.

Комисијата за хартии од вредност во рамките на едукативниот проект Студентска берза што го организираше Македонската берза АД Скопје на 10 јули 2007 додели награда за студентот Игор Ефтимов (од Свети Николе,студент на МСИ-Москва Филијала Македонија),кој се покажа како успешен во тргувањето со акции и го освои II-то место на годишно ниво. Вредноста на неговото портфолио е 7.491.032 денари.

Комисијата за хартии од вредност му овозможува на Игор Ефтимов да ја следи првата наредна Обука за работа со хартии од вредност што ќе ја организира токму КХВ како регулатор на пазарот на капитал , а чини 25.000 денари.

Проектот Студентска берза функционираше како интернет апликација во изведба на Берзата. Во периодот од 1 октомври 2006 година до 31 мај 2007 година биле регистрирани вкупно 3.234 учесници, од кои 627 учесници ги исполниле сите критериуми за рангирање за годишната награда.

Целта на проектот е запознавање на јавноста со основните на инвестирањето во хартии од вредност.

Одлука за студентската берза..

Линк до официјалната web страна на Комисијата за хартии од вредност, каде што е објавена оваа информација.


04.03.

Соопштение 03.03.2008

На ден 29.02.2008 година во хотелот Епинал во Битола се одржа деветтата по ред традиционална манифестација ИЗБОР НА НАЈУСПЕШНИ БИТОЛЧАНИ ЗА 2007 ГОДИНА.
Наградата за најголеми достигнувања во Високото образование ја доби Меѓународен Славјански Институт – Москва, Филијала Македонија.
" диплома " ".
" плакета ".

03.03.