Конкурс за упис 2008/09

Untitled Document

Врз основа на член 101 став 4 од Законот за Високо Образование ( Службен весник 64/2000 год.) на Р.Македонија и Статутот на Меѓународен Славјански Институт – Москва, Филијала Македонија во соработка со Меѓународниот Славјански Институт - г.Москва, распишува:


КОНКУРС за УПИС
на ВОНРЕДНИ и РЕДОВНИ СТУДЕНТИ ВО ПРВА ГОДИНА на
ДОДИПЛОМСКИ СТУДИИ во УЧЕБНАТА 2008/09 ГОДИНА

 

БРОЈ НА СТУДЕНТИ

Меѓународниот Славјански Институт - г.Москва Филијала
Македонија, ќе запише во:

одделение СВЕТИ НИКОЛЕ

  • 200 вонредни студенти на Факултетот за Економика и организација на претприемништвото - насока МЕНАЏМЕНТ НА ОРГАНИЗАЦИЈА, со степен БАКАЛАВР,
  • 100 вонредни студенти на Факултетот за Економика и организација на претприемништвото - насока ФИНАНСИИ и КРЕДИТ, со степен БАКАЛАВР
  • 50 вонредни студенти на Факултетот за ПСИХОЛОГИЈА, со степен БАКАЛАВР

одделение БИТОЛА

  • 200 вонредни студенти на Факултетот за Економика и организација на претприемништвото - насока МЕНАЏМЕНТ НА ОРГАНИЗАЦИЈА, со степен БАКАЛАВР,
  • 100 вонредни студенти на Факултетот за Економика и организација на претприемништвото - насока ФИНАНСИИ и КРЕДИТ, со степен БАКАЛАВР
  • 50 вонредни студенти на Факултетот за ПСИХОЛОГИЈА, со степен БАКАЛАВР

УСЛОВИ И КРИТЕРИУМИ ЗА УПИС

1.Право на запишување имаат кандидати со завршено четири годишно (гимназиско или било кој вид на средно стручно) образование

2.Право на запишување имаат и кандидати со завршено три годишно средно образование, но со посебни услови регулирани во Статутот на МСИ -Москва

3.Право на запишување имаат и студенти од други факултети, како и дипломирани лица

4.При изборот на кандидатите за прием се зема во предвид постигнатиот успех од средното образование

5.Пријавувањето на кандидатите е од:

  • прв уписен рок:
    01.05.2008 година до 30.06.2008 година
  • втор уписен рок:
    10.07.2008 година до 25.09.2008 година.

6.Списокот на примените студенти ќе се објави на 05.07.2008 година за првиот уписен рок и на 30.09.2008 година за вториот уписен рок

7.Со пријавувањето кандидатите уплатуваат на жиро сметка 30 евра, во денарска противвредност и првата рата од партиципацијата

8.Партиципацијата за студентската година изнесува 1000 евра, со можност за плаќање на четири еднакви рати (во оваа сума се вклучени сите трошоци во текот на академската година).

Со запишувањето и стекнувањето на статус на вонреден студент на МСИ - Москва Филијала Македонија, двете странки, студентот и Ректорот Ким Алексеевич Смирнов, потпишуваат договор од кој произлегуваат правата и обврските на двете странки.

ДОКУМЕНТИ ЗА УПИС

1.Диплома и свидетелство за завршено средно образование (оригинал или копија заверена кај нотар)

2.Копија од лична карта

3.4 слики (мали) во боја

Документите да се достават лично во просториите на Меѓународниот Славјански Институт - Москва Филијала Македонија, во одделението Свети Николе или во одделението во Битола.

Во текот на дописното вонредно студирање студентите се независни од професорите. Акцентот се става на самоподготовка, на користење на интернет, мултимедија, аудио - визуелни средства, библиотеки. Студентите ќе контактираат со предавачите - консултанти, а наставата се одвива на македонски јазик и задолжително се изучува рускиот јазик.

Студирањето трае 9 (девет) семестри, заедно со дипломската работа.

Студентите имаат статус на руски студенти, а по дипломирањето истите се стекнуваат со диплома за високо образование на државен образец од Министерството за образование на Руската Федерација.

 

03.05.