Колумна 20.08.2007

Шест века не променет метод на студирање


“... Клучна тема на компјутерската обука се расходите. Дури и за создавање на компјутерски учебни програми од средна сложеност на CD може да изискува од 20 до 100 пати повеќе време за подготовка на лекциите во аудиториумот. Тие програми се користат со слаба подршка од страна на образовните институции...

Иако е застапена интерактивноста во компјутерската обука студентот во основа се појавува како пасивен учесник. Тој може да одговара на прашања или да има некакво взаемнодејствие во програмата во незначителна форма, но не и да го креира материјалот ... “

реферат на Торинската група на Европскиот фонд за образование 1998

Кога се читаат овие реченици неминовен е заклучокот дека во целиот свет тие се сметаат за тежок анахронизам кога активните процеси на развивањто на образовни школи и технологии се стремат кон револуција.

Со брзина на пожар се развива дистанционата форма на обука и студирање насекаде во светот. Се разбира силна стимулација на дистанционата форма на обука е информатичката технологија и стремежот таа да се употреби во образованието.

Можеби друг поважен фактор е експоненцијалниот раст од потреба за студирање. Универзитетската организација за обука на студентите, дисциплината, лекциските и семинарските форми како и сувопараниот академски пристап го конзервирале прогресот на обука и студирање, иако во сите области од човечкиот живот се случија и се случуваат кардинални промени. Во Македонија актуелниот закон за високо образование “не ја познава и не ја разработува формата за “distance learning” (далечинско учење)“. Новиот закон кој се подготвува веројатно исто така не ја познава формата на обука која во светот секоја година добива се повеке студенти.

Како е во светот?

Да го земем за пример Стендфордскиот универзитет кој од 200 курсеви т.е. предавања кој ги обавува, 25 веќе ги има на интернет. Тие предавања се идентични со оние кои се во редовната обука на студирање. Дури титулата од техничките науки како што е магистер по електротехника може да се стекне дистанционо.

Тенденција е и став дека треба да се развива вонредното и дописно студирање затоа што редовното студирање на успева да ги задоволи потребите на општеството на ниво кое е потребно за граѓаните. Се разбира има многу за и против за далечинското студирање преку интернет. Во секој случај тој метод кој како молња доаѓа и ние треба да сме подготвени за тоа.

Создавачите на образовните програми за деца одамна сфатиле дека комјутреските игри се неспоредливо поинтресни за децата одколку учебниците. Комбинација на весела игра во која постепено децата ја совладуваат сложеноста можеби ке биде новиот метод на обука. Не треба да се исклучи и моделот и начинот на размислувње на младите и нови генерации кај кои се е забрзано. Методот на обука каде тие ќе седат и пратат предавање седејќи пасивно бргу ќе биде надминат.

По мое длабоко убедување идното студирање ке биде претво-рено во брзо и исцрпувачко натпреварување во полагањето на испитите без сесии и без посебен редослед, а самото оценување ќе биде потполно неемоционално од страна на компјутерската техноло-гија (која ќе биде во суштина единстевен недостаток, ако воопшто е недостаток - погледни го “торинскиот реферат“ на почетокот од колумната). Во секој случај големата предност на овој метод веќе е што не треба скапа опрема. Персонален комјутер, web пребарувач, модем и телефонска конекција и имате несинхронизирана обука, односно самите си ја дозирате оптеретеноста на вашето стидирање.

Да завршам со трите причини кои се сметаат за голема предност на дистанционото учење:

- првата причина - во светот постои голем интерес за студирање;

- вторo - технологијата за задоволување на таа потреба денес е се понапредна и се подостапна;

- трето - сите учесници во далечинското студирање, сметаат дека оваа форма на студирање има огромна перспектива и дека таа е иднината на студирањето.

авторот е директор на Меѓународниот Славјански Институт – Москва Филијала Македонија

20.08.