msi

Регистрација на нашите студенти

Се известуваат сите студенти на Приватната Високообразовна Установа Меѓународен Славјански Институт "Г.Р.Державин" Свети Николе, Р.Македонија дека доколку сакаат бесплатно да користат литература и скрипти од нашата веб страна ќе мора да се регистрираат на нашиот вебсајт (create an account). При тоа мора да ги пополнат следниве информации:

Name: (Го внесувате вашето ИМЕ и ПРЕЗИМЕ)

Корисничко име: (БРОЈОТ НА ИНДЕКСОТ - во следниов формат: пример: XXXXXXX (само броевите од индексот, без растојание и коса црта)

E-mail: (вашата важечка е-маил адреса)

Шифра: (ВАШИОТ МАТИЧЕН БРОЈ - во следниов формат: пример: XXXXXXXXXXXXX (13 броевите, без растојание и коса црта)

Откако ќе се утврди дека барањето за регистрација е ВАЛИДНО - односно дека барателот за регистрирање е студент на МСИ-Москва - регистрацијата ќе му биде активирана.

Напомена: Се замолуваат студентите при нивното барање за регистрација да користат точни податоци - во спротивно нивната регистрација нема да биде прифатена.

Home
Вонредна испитна сесија
Вторник, 09 Март 2010 15:50

Се известуваат сите студенти во одделенијата во Свети Николе и Битола дека во средината на месец април ќе се одржи вонредната испитна сесија за студентите кои ги немаат положено испитите од зимскиот сесместар односно од јануарската испитна сесија.

Термините за пријавување и полагање на испитите ќе бидат дополнително истакнати, најдоцна до 1-ви април.

Напомена: Студентите кои го немаат запишано летниот семестар ќе немаат право на пријавување на испитите во априлската сесија.

 
Известување за студентите од 4-та година (одделение Битола)
Вторник, 09 Март 2010 15:43

Се известуваат сите студенти од 4-та година во одделението во Битола дека во деновите 15.03. и 16.03.2010 година ќе се врши фотографирање за апсолвентското табло.  Фотографирањето ќе се врши во периодот од 08:00 часот до 20:00 часот во просториите на МСИ одделение Битола.

Цената за фотографирањето изнесува 500 денари и треба да се плати на денот на фотографирањето, а истата вклучува:

  • Мало табло (20х30) или слика портрет
  • 1 фотографија (13 х 18)
  • 6 фотографии (6 х 9)
  • 8 фотографии (4.5 х 3.5)
Напомена: Студентите кои нема да се фотографираат во дадениот период потоа ќе мораат фотографирањето да го направат во Свети Николе со останатите апсолвенти.
 
Одделение Свети Николе
Вторник, 09 Март 2010 14:15
Се известуваат студентите од III година Менаџмент на организацијаодделение Свети Николе, дека на 20.03.2010 г. (сабота) со почеток во 10 часот, ќе се внесуваат оценките во индекс по предметот СМЕТКОВОДСТВЕНА ПРЕСМЕТКА од м-р Т.Колев.
 
УПИС НА ЛЕТЕН СЕМЕСТАР
Понеделник, 22 Февруари 2010 14:55

Се известуваат сите студенти на одделенијата во Свети Николе и Битола дека во периодот од 01.03.2010 година до 10.03.2010 година ќе се врши упис на летниот семестар.

За уписот на летниот семестар студентите се должни да понесат индекс и уплатница за уплатена трета рата од партиципацијата за учебната 2009/2010 година.

Сите студенти се должни уписот да го извршат во предвидениот рок, а во спротивно ќе немаат право на заверка на истиот семестар и полагање на испитите во јунската сесија.

 
Известување за трета рата од партиципацијата за учебната 2009/2010 година
Среда, 17 Февруари 2010 08:59

Се известуваат сите студенти дека во тек е уплатата на третата рата од партиципацијата за учебната 2009/2010 година. Последен рок за уплата на третата рата за партиципацијата е 10 Март 2010 година. Студентите кои нема да уплатат во предвидениот рок ќе немаат право на упис на летниот семестар и спрема истите ќе биде постапено согласно член 9 од Договорот за студирање.

Напомена: Сите студенти уплатниците за уплата на партиципацијата исклучиво да ги земаат од службите за студентски прашања во Свети Николе и Битола поради точност на податоците во истите.

 
Соопштение
Понеделник, 08 Март 2010 10:44
Дополнителни (специјализирани) предавања по предметот ОСНОВИ НА ПСИХОАНАЛИЗА за студентите од III година на факултетот за Психологија. Новите термини се вметнати во распоредот за предавање, за одделение Свети Николе и одделение Битола.
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 Следно > Крај >>

Лист 1 од 8


mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес110
mod_vvisit_counterВчера711
mod_vvisit_counterОваа недела1521
mod_vvisit_counterОвој месец6035
mod_vvisit_counterВкупно327289